понеделник, октомври 12, 2026
Дома СВЕТ Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди крајбрежната област на јужен...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди крајбрежната област на јужен Перу

0

Земјотрес со јачина од 5,2 степени денес ја погоди крајбрежната област на јужен Перу; локалните власти соопштија дека нема штети ниту жртви.

 

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во 8:43 часот по локално време, со епицентар на 18 километри југоисточно од градот Камана, во регионот Арекипа.

Земјотресот се случил на длабочина од 44,9 километри.

Во соопштение на социјалните мрежи, Перуанскиот центар за операции при вонредни ситуации наведе дека локалните жители го опишале потресот како „благ до умерен“. Агенцијата ја исклучи можноста за цунами, пренесе „Бета“.

Перу се наоѓа долж Пацифичкиот огнен прстен, зона со висока сеизмичка активност каде што земјотресите се честа појава.

Во август, земјотрес со јачина од 6,7 степени во перуанските Анди повреди две лица и оштети неколку домови, здравствени центри и училишта, додека во јули, земјотрес со јачина од 5,5 степени во регионот Хунин резултираше со шест жртви.

Во петокот, силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Панама – која исто така се наоѓа долж Огнениот прстен – при што беа повредени 27 лица.

ИЗДВОЕНИ