понеделник, октомври 12, 2026
Дома МАГАЗИН Променливо облачно со повремен локален дожд – од утре засилен северозападен ветер

Променливо облачно со повремен локален дожд – од утре засилен северозападен ветер

14

Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време, а претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.

ИЗДВОЕНИ