Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот регион на Русија

103

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот регион на Русија.

Земјотресот се случил во 16:04 часот по локално време, во областа Камчатка во Русија, објави EMSC.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 68 километри од градот Петропавловск-Камчатски.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 71 километар под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата, пренесува Телеграф.

ИЗДВОЕНИ