Земјотрес со јачина од 4,1 степен, со епицентар во Албанија, е почувствуван попладнево и во северозападните делови во земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Денеска во 14:39 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 173 километри од Скопје, во Република Албанија, со магнитуда од 4,1 според Рихтер“,се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.
Како што велат оттаму, земјотресот е почувствуван и во северозападните делови на нашата држава, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
ИЗДВОЕНИ

МАЛОЛЕТНИК ИЗЛЕГОЛ ОД „ПУЛС“ ПОРАДИ ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА, А ПОЖАРОТ ГО ЗАТЕКНАЛ ПРЕД ВЛЕЗОТ

Мерц од Будва повикува на брзо пристапување на балканските земји кон Европската унија: СМЕТАЈТЕ НА ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА

Евроамбасадорот Рокас: ЕУ ќе одвои уште 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјава

Таткото на сопругата на Ристов сведочеше: „Дадовме 70.000 евра за станот, се договоривме пола-пола“








