вторник, август 11, 2026
Дома СВЕТ Земјата не мирува: Десет земјотреси со магнитуда над 7 степени годинава

Земјата не мирува: Десет земјотреси со магнитуда над 7 степени годинава

19
Фото: EPA/ERNESTO GUZMAN JR

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот ја погоди западна Колумбија, при што според досегашните информации загинале најмалку 224 лица, а причинета е и значителна материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на Сан Хозе дел Палмар, околу 400 километри западно од главниот град Богота. Силните потреси биле почувствувани и во соседните Еквадор, Венецуела и Панама.

По главниот земјотрес следел и последователен потрес со магнитуда од 5,0 степени. На повеќе локации биле пријавени урнати објекти, а спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините во потрага по преживеани.

Овој земјотрес е најсилниот што ја погодил Колумбија од 1970 година, кога во земјата бил регистриран потрес со магнитуда од 8,0 степени.

Колумбискиот земјотрес се случи само 47 дена по разорните земјотреси што во јуни ја погодија Венецуела, во кои животот го загубија повеќе од 5.000 луѓе.

Со земјотресот во Колумбија, бројот на земјотреси со магнитуда од 7,0 степени или поголема во светот во 2026 година достигна десет.

ИЗДВОЕНИ