четврток, септември 24, 2026
Дома СВЕТ Зеленски во интервју за „Волстрит џурнал“: Сакам да шетам по улиците без...

Зеленски во интервју за „Волстрит џурнал“: Сакам да шетам по улиците без некој да сака да ме убие или да ме мрази

14
Фото: EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Во интервју за „Волстрит џурнал“, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се стреми да обезбеди услови по војната и по завршувањето на неговиот претседателски мандат да може да продолжи да живее во Украина и да шета по нејзините улици без да се соочува со омраза од јавноста.

На прашањето како се справува со стресот по години војна од големи размери, Зеленски призна дека не е сигурен дали може да се справи со тоа.

Според претседателот, тој се обидува да ги извршува своите должности на начин што ќе му овозможи да продолжи да живее во својата земја по војната.

„Не станува збор само за тоа луѓето да ве почитуваат. Станува збор за тоа да можете да продолжите да живеете во вашата земја по војната и по овој претседателски мандат – да шетате по улиците без некој да сака да ве убие или мрази“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ