Русија би можела да изврши ограничен воен напад врз земја-членка на НАТО во наредните месеци, предупреди денеска данската воена разузнавачка служба, оценувајќи дека постои „мал, но растечки ризик“ од такво сценарио.
Во својот извештај, данската разузнавачка служба наведува дека Русија би можела да изведе напади со долг дострел врз инфраструктурата на НАТО што ја поддржува Украина или да изврши ограничен упад во соседна земја со користење на мал број војници – кои потенцијално би дејствувале без воени ознаки – пренесува „Гардијан“.
Извештајот беше објавен само неколку часа по пожарот во сателитска станица на „Старлинк“ во централна Полска, кој локалните власти го опишаа како „чин на саботажа“, пренесе „Танјуг“.












