Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да има трилатерална средба за ставање крај на војната пред изборите за Државната дума во Русија.
Зеленски рече дека украинските и американските преговарачи се во постојан контакт и дека се надева на напредок во преговорите поврзани со енергетиката и извозот на украинско жито кон крајот на септември, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“.
Изборите за Државната дума во Русија се закажани за 20 септември, пренесува „Танјуг“.
Говорејќи за можното продолжување на преговорите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Обединетите Арапски Емирати и Абу Даби би можеле да бидат местото каде што ќе се одржи следната рунда трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД, откако ќе започнат конкретните подготовки.












