сабота, август 1, 2026
Дома СВЕТ Зеленски бара од Трамп да разговара со Маск да ѝ дозволи на...

Зеленски бара од Трамп да разговара со Маск да ѝ дозволи на Украина да го користи „Старлинк“ за напади на Русија

53
EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп да го убеди милијардерот Илон Маск да ѝ дозволи на Украина да ја користи неговата сателитска комуникациска мрежа „Старлинк“ за таргетирање на лансери на балистички ракети во Русија, изјавија денес двајца функционери запознаени со разговорот.

Функционери изјавија за „Атлантик“ дека Зеленски го побарал Трамп за услугата за време на состанок зад затворени врати во Белата куќа на 28 јули.

Според функционерите, Трамп се воздржал од барањето на Зеленски и го оставил прашањето отворено. Новиот предлог на Зеленски, кој претходно не е објавен, им нуди на Соединетите Држави начин да го заобиколат испраќањето напредни ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, чии залихи драматично се исцрпени од војната на САД во Иран.

Наместо тоа, Украина би ја проширила употребата на друга американска технологија – сателитската комуникациска мрежа „Старлинк“, контролирана од Маск – за насочување на своите беспилотни летала за напад врз руски лансери на балистички ракети.

ИЗДВОЕНИ