петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Литванскиот претседател предупреди: Путин го приближува НАТО до активирање на членот 5

Литванскиот претседател предупреди: Путин го приближува НАТО до активирање на членот 5

1

Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, предупреди дека рускиот претседател, Владимир Путин, продолжува да ги тестира границите на НАТО и со своите провокации ја доближува Алијансата до можноста за активирање на членот 5, кој предвидува колективна одбрана во случај на напад врз една од членките.

– Не мислам дека Русија во моментов е подготвена за големи воени операции. Нејзините ресурси се врзани за бојното поле во Украина, каде што не постигнува успех – рече тој.

Науседа верува дека Москва користи хибридни напади за да провери колку се подготвени членките на НАТО заеднички да одговорат на безбедносните закани.

Членот 5 досега е активиран само еднаш, по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.

ИЗДВОЕНИ