недела, јуни 28, 2026
Дома МАГАЗИН „Збогум Владо“ – „си замина тивко, без поздрав, токму кога најдобрите се...

„Збогум Владо“ – „си замина тивко, без поздрав, токму кога најдобрите се најпотребни“…

305
Фото: П. Стојановски

По веста дека македонската музичка сцена остана без едно од своите најголеми имиња, пејачот, композитор и автор Владо Јаневски, неговите колеги, пријатели, соработници, се простуваат од него.

Според досега објавените информации Јаневски починал по кратко боледување, на 66-годишна возраст, на една од скопските клиники.

Јаневски беше еден од најзначајните претставници на македонската поп-музика и автор на безвременски хитови кои оставија неизбришлива трага кај повеќе генерации. Меѓу неговите најпознати песни се „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје, а дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во текот на кариерата беше дел од музичките состави „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а зад себе остави шест студиски албуми.

Во 1998 година испиша историја како прв официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Според неговите соработници, последните неколку месеци се лекувал во приватна болница во Скопје, а поради здравствената состојба беше откажан и концертот што требаше да го одржи во август во Охрид.

Со заминувањето на Владо Јаневски, Македонија загуби еден од своите најавтентични музички уметници, чии песни ќе продолжат да живеат како дел од домашната музичка историја.

ИЗДВОЕНИ