Денеска истекува едногодишниот договор за ангажман на пилотот Васко Михалчев на ер трактор во Дирекцијата за заштита и спасување  (ДЗС). Пилотот на ер трактор во авиоодделот вчера го имаше својот последен работен ден. Тоа го направи симболично, бакнувајќи ги лопатките на пропелерот и, како што велат од фејсбук-групата „Се  молиме за Македонија“, со пораката: „Збогум, љубов моја. Овој пат засекогаш“.

– Неговото искуство и неговото знаење се реткост не само во Македонија туку и Европа – нагласија од „Се молиме за Македонија“.

Михалчев направил 160 часа лет во ДЗС, а и неговите колеги, исто така, направиле 130 часа лет. Тој вели дека направиле подвиг, бидејќи со три авиони и со тројца пилоти прелетале половина од просечниот лет што го прават пилотите во Хрватска со 120 авиони и со 50-мина пилоти

Денеска истекува едногодишниот договор за ангажман на пилотот Васко Михалчев на ер трактор во Дирекцијата за заштита и спасување  (ДЗС). Пилотот на ер трактор во авиоодделот вчера го имаше својот последен работен ден. Тоа го направи симболично, бакнувајќи ги лопатките на пропелерот и, како што велат од фејсбук-групата „Се  молиме за Македонија“, со пораката: „Збогум, љубов моја! Овој пат засекогаш“.

Тој денеска го имаше последниот официјален лет како пилот на ер трактор на ДЗС. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, му приреди пријатно испраќање.

Васко веќе 10 години беше пилот во Дирекцијата.

Според Ангелов, тој е легенда на македонското спортско летање, но и легенда на летањето со ер трактор во ДЗС.

Тој истакна дека ова лето било најнапорно во однос на гасењето на пожарите.

– Јас направив 160 часа лет. Моите колеги, исто така, имаат направено 130 часа лет. Направивме подвиг, бидејќи со три авиони и со тројца пилоти прелетавме половина од просечниот лет што го прават пилотите во Хрватска со 120 авиони и со 50-мина пилоти – рече Михалчев.

Ангелов додаде дека ова е, можеби, најуспешната сезона досега на гасење пожари и оти со скромни ресурси бил извлечен максимумот.

Но, Михалчев истакна дека е постигнато тоа благодарение на другите негови колеги пилоти на ер трактори.

За Михалчев, од фејсбук-групата „Се молиме за Македонија“ велат дека бил како вино.

– Како старееше така стануваше подобар и подобар во она што најдобро го знае: ер тракторот во борба со пожарите. Кога велиме последниот мохиканец, мислиме на тоа што беше Васич единствениот активен пилот до денес од формирањето на авио оделот на ДЗС во 2010 година. Покажа, покрај својот професионализам, и голема љубов и патриотизам кон државата. Иако често обесправуван, незадоволен, сепак машки издржа 16 години и не ја остави Македонија на цедило. Безброј спасени животи, куќи, објекти, насади, шуми… ќе останат запишани зад неговото име – напишаа за него од „Се молиме за Македонија“, посакувајќи му мирни и среќни пензионерски денови.

Додаваат дека иако веќе нема активно да лета, би било штета ако не остане блиску до одделението уште некоја година, како консултант, советник или слично.

– Неговото искуство и неговото знаење се реткост не само во Македонија туку и Европа – нагласија од „Се молиме за Македонија“.

(А. П.)

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ