Љубовната приказна на возачот на Формула 1, Џорџ Расел, и Кармен Монтеро Мундт започнала сосема случајно. Она што требало да биде редовен состанок со негов пријател се претворило во средба што им ги променила животите. Најинтересно во целата приказна е фактот што Кармен во тој момент немала поим дека седи спроти возачот на Формула 1.
Приказната за врската меѓу Џорџ Расел и Кармен Монтеро Мундт започнала на почетокот од 2020 година. Сè се случило во Лондон, каде што студирала таа во тоа време. Нивната прва средба била резултат на речиси филмски сплет на околности.
Според британскиот таблоид „Дејли експрес“, Кармен, всушност, требало да оди на состанок со еден од пријателите на Расел. Сепак, плановите се промениле во последен момент.
Пријателот морал да откаже, а Расел одлучил да се вмеша. Па така, Кармен, не знаејќи што се случува зад сцената, завршила на состанок со возачот на Мерцедес.
Во тој момент, немала поим кој, всушност, седи спроти неа.
- Таа не знаеше кој сум јас. Не знаеше ништо за Формула 1 и воопшто не ја интересираше – се присети Расел.
Сепак, тие брзо нашле заеднички јазик. Имале посебна врска со градот Херез де Ла Фронтера. Кармен пораснала таму, додека Расел го поминал поголемиот дел од своето детство таму, возејќи картинг. Оваа случајна средба брзо ја пробила почетната бариера.
Нивната врска почнала да се развива природно, далеку од рефлекторите и гламурот на светот на Формула 1. Расел подоцна призна колку многу му значи тоа што се запознале пред да „експлодира“ неговата кариера.
- Имам голема среќа со Кармен, бидејќи ја запознав пред лудилото во Формула 1. Таа е многу приземна личност и ги делиме истите вредности – рече возачот.
Како што напредувала неговата кариера, Кармен станувала сè поприсутна на јавните настани со него. Денес, тој има речиси 800.000 следбеници на социјалните медиуми. Таа често се појавува со него на филмски премиери, гала-вечери и на големи спортски настани како што се тениските турнири.
Откако живееле во Лондон неколку години, тие донеле голема одлука: се преселиле во Монако, место каде што живеат многу спортисти и возачи на Формула 1.
Кармен признава дека не ѝ била лесна одлуката на почетокот. Изградила сериозна кариера во Лондон. Сепак, со текот на времето, тие пронашле рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
- Секогаш му велам на Џорџ дека можам да се занимавам со финансии колку што сакам, но тој нема да биде на оваа позиција засекогаш. Спортистите имаат биолошки рок. Сега е неговото време – објасни таа.
Живеењето во Монако им донело мир што е тешко да се најде во лудиот распоред на Формула 1. Нивната дневна рутина често вклучува пливање, падел и заеднички тренинг.











