четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА  Завршија градежните работи на централната кујна во градинката „Гоце Делчев“

 Завршија градежните работи на централната кујна во градинката „Гоце Делчев“

30

Завршија градежните активности на новата централна кујна во градинката „Гоце Делчев“ во Илинден. Од Општина Илинден информираат дека по набавка на опремата, кујната ќе биде ставена во функција.

– Станува збор за современ простор со вкупна површина од 300 квадратни метри, на две нивоа. На долниот кат ќе се наоѓа кујната, која ќе има капацитет за подготовка на повеќе од 600 оброци дневно, додека горното ниво ќе се користи како магацински простор. Покрај потребите на детската градинка, со пуштањето во употреба на оваа централна кујна ќе се обезбедуваат оброци и за основните училишта во Општината што имаат продолжен дневен престој – потенцираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реализацијата на овој проект се создаваат услови и за проширување на капацитетот на градинката, бидејќи постојната кујна ќе биде пренаменета во две нови занимални.

– На тој начин ќе се овозможи згрижување на дополнителни 50 деца, со што вкупниот капацитет на градинката ќе достигне 650 дечиња – вели Ѓорѓиевски.

Новата централна кујна е дел од пошироката стратегија на Општина Илинден за унапредување на раниот детски развој и за подобрување на условите за воспитно-образовна дејност.

ИЗДВОЕНИ