среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Заврши истрагата за Еуростандард банка: Ризичните кредити ја довеле Банката во стечај...

Заврши истрагата за Еуростандард банка: Ризичните кредити ја довеле Банката во стечај и штета на доверителите од 27 милиони евра

0

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против три лица за стечајот во Еуростандард банка и обвинителен предлог за едно лице за несовесно работење.

– Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на Банката. Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и на ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард банка АД Скопје. Со ваквото постапување, придонеле да биде доведена Банката во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари или 27 милиони евра.

Четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Банката, во периодот од 2013 до 2019 година овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на Банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето – утврдиле од ОЈОГООК. Со тоа, обвинетиот придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на Банката и за нејзино доведување во стечај по сила на закон.

 

ИЗДВОЕНИ