Патничко возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било опожарено ноќеска на улицата „Павле Илиќ“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен околу еден часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи – Скопје. Опожареното возило било во сопственост на правно лице од Косово.
Од МВР соопштија дека во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран од соседи пред да се прошири.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.












