Русија никогаш во својата историја не го исклучила гасот за Европа, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која за време на посетата на Азербејџан изјави дека Русија „го изклучила гасот за Европа“ и дека ја користи енергетиката како оружје.
„Урсула е голема лажливка. Русија никогаш не ги прекинала испораките на гас за Европа“, изјави Захарова пред новинарите. Според неа, Европејците си создале свои проблеми со воведување, како што вели, нелегални санкции врз Русија.
„А потоа, кога, поради присилно штедење, клима уредите во седиштето во Брисел не можат да ладат никого освен Урсула, тие лесно излегуваат со уште една лажна изјава за наводно лоша Русија“, додаде Захарова.
Според неа, секој граѓанин на земја-членка на ЕУ може да ја тужи Фон дер Лајен за давање лажни информации.












