Австралиската влада денес изрази загриженост за наездата од глодари на западот од земјата и најави континуирана соработка со земјоделскиот сектор за ублажување на влијанието врз снабдувањето со храна.
Австралискиот министер за енергетика, Крис Бовен, во телевизиско обраќање од Сиднеј изјави дека властите внимателно ја следат ситуацијата, особено во австралиската држава Западна Австралија.
Според локалните медиуми, глодарите, кои се долгогодишен проблем во житните региони во Австралија, ги нападнале фармите во област позната по одгледување пченица, објави Ројтерс.












