вторник, март 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Загина работник по пад од градежен објект во Скопје

Загина работник по пад од градежен објект во Скопје

140

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.

Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ