Германскиот пензиски систем долго време е симбол на безбедност и социјална стабилност – стандард што многу други европски системи се мачеа да го постигнат. Генерации пензионери можеа да сметаат на редовни плаќања, релативно пристоен животен стандард и чувство дека системот функционира. Но, како што се интензивираат демографските и економските притисоци, сè повеќе луѓе ја доведуваат во прашање одржливоста и дарежливоста на овој систем.
Неодамна, сè повеќе се прават споредби со Австрија – земја која им исплаќа значително повисоки пензии на своите пензионери. Според магазинот „Феникс“, австриските пензионери во просек примаат повеќе од нивните германски колеги, а разликата расте во просек од година во година. Само во 2023 година, просечната бруто пензија во Австрија се зголеми за дури 632 евра.
Според професорот Холгер Бонин, раководител на Институтот за напредни студии во Виена, австриските пензии се толку поголеми затое што австрискиот пензиски систем е едноставно поскап.
„Стапката на придонеси во Австрија е над 22 проценти веќе многу години, додека во Германија е под 19 проценти“, изјави Бонин за германските медиуми. Со други зборови – Австријците плаќаат повеќе во системот, а со тоа добиваат повеќе. Но, не станува збор само за придонеси. Австрија инвестира значително повеќе средства од државниот буџет во својот пензиски систем отколку Германија. Овие субвенции дополнително ги зголемуваат пензиите, но и го оптоваруваат државниот буџет.
И покрај повисоките пензии, австрискиот систем не е без проблеми. Бонин предупредува дека системот се соочува со сериозни предизвици. Инфлацијата претставува дополнителен товар за буџетот, а сè постарото население создава долгорочен притисок врз одржливоста.