Според официјалните податоци, во текот на 2025 година, повеќе од 10.000 деца биле вклучени во мафијата. Бандите регрутираат млади луѓе од цела Франција, не само за продажба на дрога туку и за киднапирање, мачење и за убиства. Главните шефови, кои обично ги контролираат од затвор или од странство, ја гледаат оваа генерација како лесна за поткуп, но и како потрошна стока. Безброј објави на социјалните медиуми нудат работа за возачи, курири и за платени убијци во Марсеј, честопати со гламурозни слики генерирани од вештачката интелигенција. Регрутирањето сега се шири понатаму, бидејќи станува сè потешко да се привлечат локални млади луѓе, кои знаат што може да им се случи. Огласувањето на Интернет го смени профилот на луѓето што им се придружуваат на бандите, па сега често тоа се луѓе без криминално минато, но со ранливост што може да се искористи, како, на пример, тешка семејна состојба.
Во Франција, наркобандите што регрутираат малолетници стануваат сè посилни. Французинка пријавила во полиција дека заедно со хашишот што ѝ го продал, дилерот ѝ дал и ливче со порака: „Нè држат во заробеништво и ни треба помош. Имаме 15 години“. По неколку часа откако ја примила пораката, двајца тинејџери се обиделе да избегаат низ прозорец на вториот кат. Едниот успеал да избега, додека другиот бил фатен, претепан и избоден, но преживеал. Следувале апсења, а фотографиите на телефонот на еден од мачителите покажале неколку други млади момчиња во слична состојба.
Ова се случило во 2022 година, во Марсеј, а на судењето што се одржува годинава, момчето рекло дека тој и уште еден врсник се нашле во бандата во потрага по платена, иако нелегална работа. Како што пишува Би-би-си, едниот тинејџер бил назначен да ракува со пари, додека другиот работел на улиците околу населбата Фре-Валон. Шефовите набрзо ги обвиниле за мала заработка, по што следувало редовно тепање. Судот утврдил дека биле принудени да танцуваат голи пред камера за да можат да ги уценуваат, а едно од момчињата било и силувано. Во меѓувреме, шестмина мажи се осудени на долги затворски казни.
Најмоќната банда во градот, ДЗ мафија, излезе како победник во крвавата војна за територија и сега е една од најозлогласените криминални организации во Франција. ДЗ е официјалниот интернет-код за Алжир, каде што претходно оваа година, врз основа на француска потерница, беше уапсен еден од основачите на бандата, францускиот Алжирец, Мехди Лариби. Властите предупредуваат дека се зголемува бројот на малолетници вклучени во трговијата со дрога. Според официјалните податоци, во текот на 2025 година, повеќе од 10.000 деца биле вклучени на некаков начин. Бандите регрутираат млади луѓе од цела Франција, не само за продажба на дрога туку и за киднапирање, мачење и за убиства. Главните шефови, кои обично ги контролираат од затвор или од странство, ја гледаат оваа генерација како лесна за поткуп, но и како потрошна стока. Дваесетгодишниот Камил, кој тврди дека ја напуштил групата, раскажува како регрутира бандата млади членови.
– Тие знаат како да ви влезат во глава. Што и да сакате, тие ви даваат – вели тој.
Тој објаснува дека тоа може да биде сè, од убави автомобили и пространи станови до дрога и проститутки.
– Чувствувате лојалност поради она што ви го даваат. Останувате до самиот крај, до смрт или затвор – вели тој, додавајќи дека ако забележи бандата слабост кај регрут, ја користи таа предност, па тој станува нивна сопственост и „тоа е крајот“.
Член на ДЗ мафија, преку „Снепчет“, изјавува дека бил дел од ликвидацискиот одред. Тој моментално е во затвор и чека судење, бидејќи е поврзан со неколку убиства, за кои вели дека биле „прилично шокантни“. Објаснува дека правел сè, од претепување човек среде бел ден или удирање шлаканици до изведување пред неговата мајка и палење во автомобилот. Сега, во своите дваесетти години, тој признава дека средината во која влегол е, всушност, „стапица“.
Од 2024 година, уапсени се околу 1.000 луѓе поврзани со ДЗ мафија, а 600 од нив се во затвор, според полицијата. Но, генерално, битката станува сè потешка. Социјалните медиуми се моќна алатка за регрутирање, особено по пандемијата, кога се пресели продажбата на дрога од улица на Интернет. Безброј објави на социјалните медиуми нудат работа за возачи, курири и за платени убијци во Марсеј, честопати со гламурозни слики генерирани од вештачката интелигенција. Регрутирањето сега се шири понатаму, бидејќи станува сè потешко да се привлечат локални млади луѓе, кои знаат што може да им се случи. Огласувањето на Интернет го смени профилот на луѓето што им се придружуваат на бандите, па сега често тоа се луѓе без криминално минато, но со ранливост што може да се искористи, како, на пример, тешка семејна состојба.












