На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари, од кои 20 се изгаснати.
Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране-Вртекица-Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај Драгов Дол и кај Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес.
Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино-Житоше во општина Крушево и кај селото Бојане во општина Сарај.
Под контрола е пожарот кај градската депонија во Делчево.












