вторник, октомври 13, 2026
Дома СКОПСКА За една недела подигнати 135 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела подигнати 135 непрописно паркирани возила во Центар

1

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“,  во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа во наредниот период ќе продолжиме со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот – потенцираат од претпријатието.

ИЗДВОЕНИ