вторник, октомври 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од денеска изменет сообраќаен режим на патниот правец Прилеп – Кавадарци

Од денеска изменет сообраќаен режим на патниот правец Прилеп – Кавадарци

10

На делницата Прилеп – Кавадарци, меѓу Беловодица и Тројаци, од денеска од 10 часот е воведен привремен режим на сообраќај поради градежни работи.

Возилата на овој дел од патот ќе се пропуштаат наизменично, во зависност од текот на работите. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека изменетиот режим ќе важи до завршувањето на градежните активности.

На возачите им се препорачува да возат внимателно, да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

ИЗДВОЕНИ