Вратите од Белата куќа повторно му се отвораат: Tрамп му дава уште една шанса на Зеленски

479

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Русија ќе се согласи со планот за прекин на огнот што го подготвија американските и украинските официјални претставници и дека состанокот САД-Русија ќе се одржи подоцна во вторник или среда.

Трамп, исто така, рече дека ќе го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски да се врати во Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Двајцата лидери се судрија на состанок во Овалната соба минатиот месец, а Зеленски го напушти Вашингтон без да потпише важен договор за минерали со Соединетите држави.

ИЗДВОЕНИ