вторник, јуни 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Војната на Блискиот Исток со директно влијание врз цената на ф’стаците: „Зеленото...

Војната на Блискиот Исток со директно влијание врз цената на ф’стаците: „Зеленото злато“ е најскапо во последните осум години

366

Цената на ф’стаците, познати во Иран, Турција и Сицилија како „зелено злато“, неодамна достигна осумгодишен максимум поради зголемената побарувачка и неможноста за извоз на ф’стаци од Иран.

Складиштата низ Иран чуваат големи количини фстаци чиј извоз од земјата е запрен поради војната, а речиси целосниот прекин на интернетот во земјата значи дека Borna Foods, која снабдува некои од водечките британски трговци на мало, не може ниту да контактира со добавувачите, рече директорот на компанијата, Бехнам Хејдарипур.

„Флуктуациите на цените се екстремни и многу е тешко да се предвиди пазарот“, рече Хеџдарипур, објави „Блумберг“.

Иран е втор најголем производител на ф’стаци во светот, а конфликтот на Блискиот Исток го спречи нивниот извоз во време кога побарувачката за ф’стаци се зголеми, поради трендови како што е популарното чоколадо од Дубаи, чија главна состојка се ф’стаците, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ