вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Откако загуби на изборите: Орбан нема да биде пратeник, сака да го...

Откако загуби на изборите: Орбан нема да биде пратeник, сака да го реорганизира патриотското движење

80

По тешкиот пораз на својата партија на парламентарните избори, унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, најави дека нема да биде пратеник во Парламентот, туку ќе ѝ се посвети на реорганизацијата на патриотското движење.

Партијата на Орбан, Фидес, освои само 52 пратенички места, така што и тој може да добие пратеничко столче, но рече дека ќе го отстапи на друг.

– Мандатот што го добив како водечки кандидат на листата Фидес-КДНП е, всушност, парламентарен мандат на Фидес. Поради оваа причина, решив да го вратам – рече Орбан.

На изборите на 12 април, победата ја однесе партијата Тиса на Петер Маѓар, со што заврши долгиот мандат на Орбан, кој првпат беше избран за пратеник во 1990, а од 2010 беше премиер на Унгарија.

 

ИЗДВОЕНИ