Драган Лазиќ (32), брат на познатиот српски пејач Дарко Лазиќ, денеска го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Ваљево и Шабац, јавуваат српските медиуми.
Како што објавуваат српските медиуми, несреќата се случи кога возач на автомобил „цитроен“, В.К. (62), возејќи од правец на Шабац свртел лево на спореден пат. Тој го пресекол патот на возачот на мотоцикл „сузуки“ со германски таблички, управуван од Драган Лазиќ (32), кој се движел во правец од Ваљево кон Шабац.
Драган починал за време на транспортот до Здравствениот дом во Владимирци. Патник во автомобилот со повреди бил пренесен во болницата во Шабац, објавуваат медиумите.
Сè уште не е познато точно како се случил судирот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.












