Девојка (23) од Македонија вчера попладне е пронајдена мртва во стан во Солун.
Информациите се дека родителите на девојчето, кое потекнува од Македонија, ја барале безуспешно. Потоа, роднина на девојката отишол во станот и ја пронашол мртва.
Од форензичкиот преглед на телото и од доказите собрани досега од страна на властите, не се видливи траги од насилство.
Истрагата е во тек.












