понеделник, јуни 22, 2026
Дома БАЛКАН Во Србија уапсени шестмина мажи што се претставувале како девојчиња за да...

Во Србија уапсени шестмина мажи што се претставувале како девојчиња за да контактираат со малолетници: Преку Интернет ги експлоатирале за порнографски цели

136

Во продолжението на операцијата „Армагедон“, српската полиција уапси шестмина мажи, од кои еден руски државјанин, под сомнение за преземање, складирање и споделување содржини создадени со експлоатација на деца за порнографски цели.

Постои сомнеж дека тие го правеле тоа подолг период, преку Интернет, со  регистрирање лажни профили на социјалните мрежи и апликации, претставувајќи се како девојчиња на возраст од 11 и 12 години, со цел да стапат во контакт со малолетници. Осомничените барале и добивале фотографии и видеа со сексуална содржина од малолетници, се додава во соопштението. Во домовите и во другите простории што ги користеле осомничените, пронајдени се компјутери и компјутерска опрема, во кои, по прегледот, се откриени фотографии и видеа од сексуална експлоатација на деца на возраст од шест до 14 години.

Апсењето е извршено како дел од операцијата на Европол за борба против сексуалната експлоатација на деца преку Интернет, наречена „Пајтон“.

ИЗДВОЕНИ