Во сообраќајна несреќа во Кавадарци, тешко е повреден пешак малолетник

72

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци.

– Синоќа во 19:55 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак – малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.

Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ИЗДВОЕНИ