сабота, јуни 13, 2026
Дома КУЛТУРА Во Прилеп заврши јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ кој ја...

Во Прилеп заврши јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ кој ја испиша историјата на македонската театарска уметност

12
Фото:принтскрин

Со доделувањето на наградите на најдобрите тетарски остварувања и со претставата во чест на нагрдените, „Црно злато“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрлиќ, а во изведба на Београдско драмско позориште синоќа на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенов“ во Прилеп заврши јубилјеното, 60 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Јубилејното, 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп заврши со доделување на наградите на најдобрите тетарски остварувања. Најголем дел од наградите, ги доби претставата „Црнила“ на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп во режија на Дејан Пројковски кој ја доби и наградата за режисер.

Наградата за костимографија ја доби Марија Пупучевска, за сценографија Валентин Светозарев, за млада актерка ја доби Сара Спиркоска Костадиновска за улогата на Неда и за главна машка улога ја доби Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлиев. Најдобра претстава во целина доби „Страв и надеж“ на Македонскиот народен театар.

Уметничката директорка на фестивалот Ана Стојаноска, рече дека преку селекцијата на претставите годинава била доловена сликата на македонскиот театар во целина. Според неа, ова е само дел од големата слика на која се остава простор да се работи во иднина.

– Сметам дека е многу важно да ја видиме сликата на Македонскиот театар низ визурата на она што јас го направив преку селекцијата. Она што го гледаме е мојата слика за македонскиот театар. Она што е најдобро на сцените и сметам дека тоа ја покажува само едната страна на приказните. Доколку би бил некој друг уметнички директор би направил друга селекција и ние ќе видевме некоја друга програма.

Сара Спиркоска Костадиновска која по втор пат ја добива наградата за млада актерка и  освен во „Црнила“ играше и во две други претстави рече дека предизвикот е голем но се радува на тоа што постојат луѓе кои ја вреднуваат работата на актерите.

Сара Спиркоска Костадиновска, добитник на наградата за млада актерка

– Јас морам да напоменам дека годинава на овој фестивал бев присутна со три театарски претстави. Едната „Црнила“ на прилепски театар и уште две независни на Тамара Стојановска „Сина Сенка“ и „Драга Јелена Сергеевна“ на Шенај Мандак. Особено сум среќна затоа што знаеме колку е тешко еден невработен актер да биде на толку активен на сцената.

Добитникот на нагрдата за главна машка улога Димитар Ѓорѓиевски во своето обраќање порача дека публиката е најголемиот мотиватор но и критичар за актерите.

Димитар Ѓорѓиевски, добитник на наградата за главна машка улога

– Ова не е клише и не го зборувам туку така мислам дека имаме посебна врска меѓу мене и публиката. Оваа публика во Прилеп е магична, публика како од сон од кој не сакам да се разбуда. Оваа конекција што ја имаме ние и публиката е бесценета.Останатите награди, награда за музика ја доби  Ирена Поповиќ Драговиќ за претставата „Страв и надеж“. Награда за млад актере додели на Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“ на НУ Турски театар Скопје. Награда за женска епизодна улога се додели на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Марија во претставата „Мачкина глава“на НУ Драмски театар Скопје, а за машка епизодна улога  на Александар Степанулески за улогата на Симон во „Мачкина глава“. Награда за главна женска улога се додели на Слаѓана Вујошевиќ за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“ на НУ Турски театар Скопје.

Годинава жири комисијата во состав од Снежана Коневски Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ одлучи четири награди да не бидат доделени. Наградата за рекламен материјал, за кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација и за современ драмски текст.

ИЗДВОЕНИ