
Украинскиот поранешен банкар Александар Адарич е убиен во Милано, а потоа е фрлен од прозорец на стан за неговата смрт да изгледа како самоубиство, потврди денеска обдукцијата, додека поради сомневање за организирање на злочинот е уапсен неговиот син Игор Адарич.
Истрагата потврдила дека Александар Адарич (54) веќе бил мртво кога на 23 јануари паднал од четвриот кат на зграда во улицата Виа Нерино во Милано, наведува „Кориере Дела Сера“.
Сомнежите на истражителот ги потврдија трагите на вратот на жртвата, снимките од надзорните камери и резултатите од обдукцијата. На снимката од падот се гледа дека телото во текот на падот од височина од речиси 15 метри не покажува никаква реакција, што веднаш разбудило сомнеж дека мажот бил претходно убиен.
Обдукцијата потврди дека причината за смртта е механичка асфиксија, односно давење, при што кај жртвата е утврден прелон на подјазичката коска, карактеристичен за смрт со давење. Според наодите на италијанските истражители, Адарич е убиен во луксузен стан на четвртиот кат кој бил изнајмен за деловен состанок со човек од источна Европа а кој, како што се сомнева, се претворил во мамка. Полицијата верува дека грабнувањето кое доволео до убиството го организиран неговиот син Игор Адарич (33), заедно со уште четири засега неидетификувани лица.
Игор Адарич бил уапсен на 27 февруари во Барселона по наредба на италијанските истражители и бил приведен од страна на припадници на каталонската полиција Мосос д’Есквадра.
Истрагата наведува дека само неговиот син бил во станот во моментот кога телото било фрлено од прозорецот, додека другите соучесници веќе ја напуштиле зградата. Надзорните камери снимиле тројца осомничени како го напуштаат влезот во моментот кога телото паднало, додека лицето кое дејствувало како набљудувач го напуштило местото на настанот неколку часа претходно.
Истражителите сега се обидуваат да идентификуваат четири соучесници, вклучувајќи едно лице кое се претставило како „Кирил“, наводен Русин кој помогнал во организирањето на деловен состанок во Милано преку апликацијата Телеграм за која се сомнева дека била стапица, пренесува Танјуг.
Според истрагата, Игор Адарич инсистирал неговиот татко да присуствува на деловниот состанок, иако двајцата претходно ја прекинале деловната соработка бидејќи „не соработувале добро“. Истражителите се обидуваат да пронајдат и трансфер од 250.000 евра во криптовалути што Александар Адариќ го направил непосредно пред неговата смрт. Според истрагата, тој ги примил парите околу 17 часот на 23 јануари од пријател и деловен партнер, кого го замолил по телефон од неговиот стан итно да ги префрли средствата на неговата лична сметка.











