понеделник, јуни 15, 2026
Дома СКОПСКА Во март отстранети 2.315 кубни метри отпад од диви депонии

Во март отстранети 2.315 кубни метри отпад од диви депонии

23

Eкипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во текот на март подигнале и транспортирале 14. 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на Скопје.

-Отстранети се и 2.315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожен на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри е подигнат во општината Карпош – соопштија од претпријатието.

Оттаму информираат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, како и улиците што се во надлежност на Град Скопје.

-Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на  Градскиот плоштад и улицата „Македонија“, помалите плоштади: „Филип Втори“, „Мајка Тереза“ и „Богородица“, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија  – наведуваат од ЈП „Комунална хигиена“. 

Претпријатието го започна и сезонското машинско миење со употреба на автоцистерни што секојдневно се реализира во доцните вечерни часови.
ЈП „Комунална хигиена“ во март реализираше еко-предавања и работилници во скопските училишта, во чиишто рамки 232 ученика беа запознати како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ