Во март ништо ново: Се враќа снегот и поларниот воздух од север

94

Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои денеска и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни.

– Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег, соопшти УХМР.

Повремен локален дожд се очекува денеска попладне и кон крајот на денот, а ќе дува и слаб до умерен променлив ветер.

И според прогнозата на Метеоаларм променливото време со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи и за време на овој викенд. Локално врнежите ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. И во Скопје  и околината очекуваме слично време, а тоа е, појава на повремен дожд кој во делови од котлината би можел да биде  и пороен, проследен со ретки грмежи. Релативно високи натпросечни температури ќе имаме  и утре (сабота 1 март).

Во недела (2 март) поради продор на поладен воздух од север, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Со понатамошниот пад на температурите, во недела (2 март) доцна попладне  и навечер снежната граница ќе се спушти до околу, па и под 1000 метри, особено во северозападните, северните  и во североисточните предели од Македонија, па така услови за појава на повремен послаб снег ќе има и во повисоките населени места.

Ладниот водух во недела (2 март) ќе биде проследен и со повремено засилен ветер од северен правец. Во недела максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имаме сега и тоа за 5 до 6 степени, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа во недела навечер тие ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање.

И на околните планини во Скопје во недела врнежите од дожд ќе премина во повремен снег.

ИЗДВОЕНИ