четврток, август 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Лозово е изграден импозантен парк „Македонија“, ќе биде пуштен на 8...

Во Лозово е изграден импозантен парк „Македонија“, ќе биде пуштен на 8 Септември

1

Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади квадратни метри, на чија површина го има осумкракото државно македонско знаме, а ќе биде пуштен во употреба на 8 Септември.

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, информира дека деновиве се работи на доуредување на површините и на озеленување на паркот. Тој вели дека глетката ќе биде уште поубава ноќе, ако Лозово се надлетува со авион, со што паркот „Македонија“ во Лозово, според него, ќе претставува една нова туристичка атракција за регионот и за земјава.

Во паркот „Македонија“ се планирани две зони, од кои во првата зона се планира поставување детски реквизити за забава, а на втората – фитнес справи за вежбање, за што Општина Лозово ја очекува поддршката од Министерството за спорт.

Во паркот, освен дрвја и друг вид зеленило, има поставено клупи, украсни жардиниери и канти за отпадоци, а има и патеки за посетителите направени од  бекатон плочки. Во дел од паркот се поставени системи „капка по капка“ за наводнување, со кои се наводнува новозасадената трева и останатото зеленило.

Општината планира понатаму во паркот да засади и нови дрвца, како јапонски цреши и други. Градоначалникот, исто така, планира во паркот да се постават и безбедносни камери.

 

Во околината на овој парк „Македонија“, Општина Лозово неодамна изгради и повеќенаменско игралиште со тартан-подлога како и други спортски терени.

Паркот е финансиски изграден со средства од Општина Лозово и со поддршка од Владата преку унгарскиот кредит.

 

ИЗДВОЕНИ