петок, јули 31, 2026
Дома МАГАЗИН Во деновите од продолжениот викенд, подгответе се за пеколни температури – ќе...

Во деновите од продолжениот викенд, подгответе се за пеколни температури – ќе треба да се издржат и ноќните часови

36

Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34, Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 – покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што информираа од УХМР, попладнево ќе се задржи сончево и топло време, а во текот на ноќта ведро време. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утре времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Во Скопскиот регион се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни во периодите со највисоки температури, особено хронично болните, постарите лица и најмалите деца.

ИЗДВОЕНИ