четврток, септември 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во црквата „Свети Кирил и Меториј“ поставена плоча со податоци за Делчевско-каменичката...

Во црквата „Свети Кирил и Меториј“ поставена плоча со податоци за Делчевско-каменичката епархија

1

Во дворот на црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ е поставена плоча која содржи податоци за Делчевско-каменичката епархија, информации за светилиштата во Епархијата и биографија за епископот на Делчевско-каменичката епархија, Марко.

Со поставувањето на оваа плоча содржински се надополнува уникатниот парк „Македонија“, кој има духовно, културно и едукативно значење, и во кој се поставени 27 мермерни плочи од кои на 26 има библиски цитати, каде што се споменува Македонија. Овој простор претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет.

Исто така, Општина Делчево, преку наменската сметка за донации, обезбеди средства за поставување информативни табли во овој прекрасен простор. Вредноста на донацијата изнесува 208.700 денари, односно 246.266 денари со ДДВ.

Како што истакна градоначалникот на Општина Делчево, Иван  Гоцевски, вредноста на едно дело не се мери во денари. Се мери во она што го оставаме зад себе за нашиот град, за нашата црква и за генерациите кои доаѓаат.

– Постојат места кои не се само дел од градот, туку се дел од нашите спомени, нашата вера и нашето заедништво. Токму таков е просторот околу црквата „Свети Кирил и Методиј“ и паркот „Македонија“ во Ново Делчево. Но, од срце сум благодарен на Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко за искрената соработка, меѓусебната почит и поддршката што ја градиме. Кога сме обединети околу доброто, можеме да направиме многу повеќе за Делчево и за нашите сограѓани. Нека продолжи оваа убава соработка и нека нè обединува желбата да создаваме, да чуваме и да оставаме вредности зад нас. За Делчево. За нашата црква. За сите нас – нагласи Гоцевски.

 

ИЗДВОЕНИ