четврток, септември 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уште еден маж почина од западнонилска треска

Уште еден маж почина од западнонилска треска

1

Уште еден пациент почина на Клиниката за инфективни болести од западнонилска треска, кажа министерот за здравство Сашо Клековски. Станува збор за маж на возраст од 69 години со место на живеење во Гази Баба, кој бил најдолго лекуван на Клиниката, повеќе од 38 дена. Во последните три дена има само еден сомнителен случај од Радишани со што се потврдува дека комарците касаат и пренесуваат вирус во Скопје Север. Клековски рече дека Министерството се координира со градоначалниците од тие општини. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ