На територијата на државата, до 13:00 часот денеска биле регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), два од нив се активни, шест се под контрола, додека пет се изгаснати.
Активни се пожарите над планината Бистра, кај Кириловец во Општина Маврово и Ростуше, каде што е зафатено пасиште, како и помеѓу селата Октиси и Белица во Општина Струга, каде што горат сува трева и стрништа.
Под контрола се пожарите: над селото Палиград – Преслап во Општина Зелениково, каде што гори мешана шума; во селото Копаница, Општина Сарај, каде што горат нискостеблеста шума и ниска вегетација; во селата Пискупштина, Буринец и Локов во Општина Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума; во селото Брест, во местото викано Рамно, на Скопска Црна Гора, Општина Чучер-Сандево, каде што гори шума; во селото Грачани, на косовската граница над селото Кучково, Општина Ѓорче Петров, каде што гори шума, како и помеѓу селата Буринец и Локов, Општина Струга, каде што гори нискостеблеста шума.
Воедно, изгаснати се пожарите на: депонијата зад хотелот „Њу стар“, Општина Шуто Оризари: Визбегово; на местото викано Голем Брдаш, Општина Маврово и Ростуше; зад „Факултетот“ во Прилеп, Општина Прилеп; кај селото Ложани, Општина Струга; кај базенот за вода над местото викано Поток, Општина Велес; над планината Бистра, кај Кириловец, Општина Маврово и Ростуше, и помеѓу селата Октиси и Белица во Општина Струга.












