четврток, септември 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Инцидент во ЈСП: Жена паднала во автобус во Скопје, заврши во болница...

Инцидент во ЈСП: Жена паднала во автобус во Скопје, заврши во болница со сериозни повреди!

21

Шеесет и седумгодишна жена од Делчево е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП во Скопје. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 2 септември во 16:20 часот. Жената се превезувала во автобус на ЈСП кој сообраќал по булеварот „Крсте Мисирков“, а при кочење од страна на возачот таа паднала.

Г.С. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ