Изградба на два кружни тека во Битола предвидува новата сообраќајна студија, чија изработка е во завршна фаза. Паралелно со неа тече и изработката на новиот Генерален урбанистички план.
На првиот брифинг со новинарите, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски информираше дека се очекува студијата да биде доставена во Општина Битола деновиве.
Тој наведе и дека Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг во координација со Одделението за спроведување на урбанистички планови прави анализа за потенцијална изградба на катна гаража во Битола.












