– Приспособениот Статут беше презентиран пред претставници на Општина Штип, Здружението „Хендикеп плус“, како и пред Здруженија на лица со попреченост и лица со оштетен вид. На средбата беше истакнато дека само преку соработка, меѓусебна поддршка и заеднички активности можат да се реализираат суштински и системски промени, кои ќе овозможат достоинствено и рамноправно место на лицата со попреченост во општеството – информираат од Општина Штип.
Оваа активност е дел од проектот „Пристапна и отворена општина“, чија цел е да обезбеди социјални промени иницирани од самите лица со попреченост, со цел унапредување на транспарентното, одговорно и инклузивно владеење на правото
Штип стана втората општина на Балканот која го приспособи Статутот на Општината на Брајово писмо за лицата со оштетен вид, соопштија од локалната самоуправа.
– Приспособениот Статут беше презентиран пред претставници на Општина Штип, Здружението „Хендикеп плус“, како и пред Здруженија на лица со попреченост и лица со оштетен вид. На средбата беше истакнато дека само преку соработка, меѓусебна поддршка и заеднички активности можат да се реализираат суштински и системски промени, кои ќе овозможат достоинствено и рамноправно место на лицата со попреченост во општеството – информираат од Општина Штип.
Оваа активност е дел од проектот „Пристапна и отворена општина“, чија цел е да обезбеди социјални промени иницирани од самите лица со попреченост, со цел унапредување на транспарентното, одговорно и инклузивно владеење на правото.
Статутот на Брајово писмо е изработен од Здружението „Хендикеп плус“, во соработка со Општина Штип и со финансиска поддршка од Бугарската помош за развој.
– Општина Штип останува посветена на креирање еднакви можности, подобра пристапност и унапредување на правата на сите граѓани – нагласуваат од локалната самоуправа.
Во Општина Штип, покрај Статутот издаден на Брајово писмо и адаптиран за лица со оштетен слух, во рамки на проектот е извршено и мапирање на пристапноста или непристапноста за лицата со попреченост на околу 40 јавни објекти во општината – паркинзи, автобуски превоз, надворешни патеки, лифтови, влезни врати, тоалети, како и постоење на рампи на влезовите на институциите, кои веќе се означени со етикети „пристапно“ или „непристапно“.
Според Виктор Вукановски од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, локалната власт е во постојана комуникација со здруженијата на лицата со попреченост, со цел да се утврдат приоритетните проблеми и да се бара решение за нив.
На веб-страницата на Општина Штип веќе е достапна аудиовизуелната презентација на Статутот на Општината, придружена со превод на знаковен јазик.












