Силно невреме започна во Белград околу 18:45 часот, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) најавува нова бура за околу еден час, околу 20 часот. Бурата веќе беснееше низ некои делови од Србија денес во текот на денот, а сега во српската престолнина почнаа да дуваат силни ветрови со интензивни поројни дождови кои полека се шират во сите делови од градот, пренесуваат српските медиуми.
Одеднаш се стемни во Белград по сончевото попладне. Силни ветрови почнаа прво да дуваат во Нов Белград, за што сведочи фотографија направена од читател на порталот МОНДО, а веднаш потоа започнаа силни поројни дождови.
„Во следниот час, во областа на Белград ќе пристигне систем на грмотевици со интензивни поројни дождови, грмотевици и силен ветер“, се наведува во вонредното предупредување на РХМЗ на Србија.












