Воен хеликоптер се урна денеска во јужна Турција, при што загинаа четири лица, соопшти турското Министерство за одбрана.
Леталото се урна во населбата Саманкој, во периферијата на Малатија, главниот град на истоимената провинција.
Причината за падот на хеликоптерот од типот „S-70“, кој е американско производство, сè уште не е утврдена, наведе Министерството во објава на социјалните мрежи.
На телевизиските снимки се гледаа остатоци од хеликоптерот зафатени од пламен.
Новинската агенција „Демирорен“ објави дека пожарот се проширил и на една куќа во близина, но немало жртви на земјата, пренесе „Бета“.












