четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин, на 13. уапсени им се...

Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин, на 13. уапсени им се заканува доживотен затвор

74

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипал во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ