петок, ноември 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Отстранети две минофрлачки гранати кај Алинци – Прилепско

Отстранети две минофрлачки гранати кај Алинци – Прилепско

1

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Местото на минско експлозивните средства прво било обележано по што, тоа место, а и поблиската околина, ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства.

Од ДЗС информираат дека пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, вчера попладне, согласно со стандардните оперативни процедури, двете неексплодирани убојни средства ги подигнал од месноста Каракли, кај селото Алинци во Oпштина Прилеп, и ги складирал, за потоа да биде извршено нивно планско безбедно уништување на соодветна локација, полигон.

– Важно е да се знае дека при пронаоѓање неексплодирани експлозивни средства, заради безбедносни причини е строго забрането допирање, поместување или манипулирање со пронајденото неексплодирано убојно средство. Неопходно е веднаш, по пронаоѓањето на неексплодирано убојно средство на кој било терен, тоа да биде пријавено на бесплатниот Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК или во најблиската полициска станица (на бројот 192). Потоа, по обезбедувањето на локацијата, безбедно подигање и уништување вршат овластени пиротехничари – објаснуваат од ДЗС.

ИЗДВОЕНИ