четврток, август 13, 2026
Дома СВЕТ Внимавајте! ЕТИАС повторно одложен – не аплицирајте и не плаќајте ништо

Внимавајте! ЕТИАС повторно одложен – не аплицирајте и не плаќајте ништо

7
EPA/ROBERT GHEMENT

ЕУ повторно го одложи воведувањето на ЕТИАС, системот за електронска патна авторизација за патниците од земји на кои не им е потребна виза за краток престој во Шенген-зоната. Новиот датум засега не е утврден. Тоа значи дека патниците во моментов не треба да аплицираат, ниту да плаќаат за ETIAS.

Европските власти предупредуваат и за можни измами со лажни веб-страници, кои веќе нудат „апликации“ за системот. ЕУ официјално наведува дека не работи системот во моментов и дека не се собираат апликации за патна авторизација. Точниот датум на почетокот, како што е најавено, ќе биде објавен неколку месеци однапред.

Претходно се очекуваше системот да почне во 2027 година, но по проблемите со новиот европски систем за влез и излез на европските граници, кој веќе предизвикува долги редици на европските аеродроми, и воведувањето на EТИАС е дополнително одложено, објави Еуроњус

Кога ќе биде воведен, ETIAS ќе биде задолжителна електронска патна авторизација за граѓаните од земјите чии државјани можат да патуваат без виза во Шенген-зоната. Системот ќе ги опфати, меѓу другите, патниците од Обединетото Кралство, САД, Канада и од Австралија, како и од други земји со безвизен режим.

Патниците ќе пополнуваат онлајн формулар со лични податоци и безбедносни информации, по што ќе следува предвлезна проверка. Планираната цена е 20 евра, а од плаќањето би требало да бидат ослободени одредени категории, меѓу кои лицата помлади од 18 и постарите од 70 години, како и одредени членови на семејствата на граѓаните на ЕУ.

Главна причина се проблемите со имплементацијата на европскиот влез – излез систем. Новиот систем за електронска регистрација на патниците од земји надвор од ЕУ веќе создава долги редици на некои од најголемите европски аеродроми. При првото влегување се земаат отпечатоци, се прави фотографија и се внесуваат податоци за патникот.

За патниците од Македонија најважно е дека ЕТИАС засега не е задолжителен, нема активна апликација и не треба да плаќаат никому за „дозвола“.

ИЗДВОЕНИ