вторник, ноември 24, 2026
Дома БАЛКАН Внимавајте ако патувате во Грција: Казната за овој прекршок изнесува дури 2.000...

Внимавајте ако патувате во Грција: Казната за овој прекршок изнесува дури 2.000 евра!

0

Парична казна од 2.000 евра за возила со нечитливи регистарски таблички, ограничувања за неискусни возачи кои управуваат автомобили со голема моќност, како и задолжително видеоснимање на практичните испити за возење – ова се дел од мерките содржани во новиот предлог-закон на грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, за што во понеделникот извести грчкиот јавен сервис ЕРТ (ERT).

Предлог-законот беше ставен на јавна расправа во саботата, на 21 ноември.

Според предложените правила, за возачите чии возила имаат регистарски таблички што не се јасно видливи – или кои не можат да бидат идентификувани од камерите за сообраќаен надзор и други технички системи – предвидена е парична казна од 2.000 евра и одземање на возачката дозвола во траење од 60 дена.

Оваа казна ќе се применува дури и ако само една од регистарските таблички на возилото е нечитлива, без оглед на причината за тоа.

Предлог-законот, исто така, воведува ограничувања за младите и неискусни возачи. За да управуваат автомобили со моќност поголема од 340 коњски сили, возачите мора да имаат најмалку 22 години и да поседуваат возачка дозвола за соодветната категорија возила најмалку три години.

Дополнително, од возачите кои штотуку се стекнале со возачка дозвола ќе се бара на своите возила да истакнат посебна ознака во текот на првата година по добивањето на дозволата.

Планирани се и измени кај практичните испити за возење, кои ќе подлежат на задолжително аудиовизуелно снимање со помош на таблетот на испитувачот и преносна камера од 360 степени. Предложениот систем вклучува и електронска идентификација преку QR-кодови, како и автоматски проверки со примена на вештачка интелигенција, со цел да се осигура дека камерите се правилно поставени и функционираат.

Предлог-законот предвидува и промени во казните за одредени прекршоци поврзани со паркирањето. За помалку сериозните прекршоци – како што се паркирање на сообраќајни острови, на места наменети за полнење електрични возила или непочитување на одредени сообраќајни знаци – паричната казна ќе се удвои, од 30 на 60 евра.

Сепак, досегашната мерка за одземање на возачката дозвола во траење од 10 дена за овие прекршоци се укинува. За посериозните прекршоци, како што е паркирањето на места резервирани за лица со попреченост, ќе останат на сила построги казни, пренесува БТА.

ИЗДВОЕНИ