Предлогот на движењето „Тргни-промени“ не доби доволно гласови во градското собрание. Советниците од владејачкото мнозинство не учествуваа во тајното гласање.
Александар Шапиќ останува градоначалник на Белград откако градското собрание во понеделникот не го усвои предлогот за негово разрешување, пренесе Н1.
За смена гласаа 34 советници, а еден беше против. Советниците од владејачкото мнозинство, кое го сочинуваат Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија, не учествуваа во гласањето. На дневниот ред на седницата беше и ребалансот на градскиот буџет.












